Банкротираше познат моден синџир: Сите продавници се затвораат

Точка

15/05/2024

16:02

13.503

Големина на фонт

а а а

Познатиот моден ланец „Esprit“ прогласи банкрот во Германија.

Уште се додава дека се погодени шест продавници и 1.500 вработени, пренесува „Bild“.

Ова не е прв пазар каде модниот бренд има проблеми. На крајот на март во швајцарските медиуми осамнала веста за банкрот на „Esprit“ на нивниот пазар. Подоцна истото се случило и во Белгија.


Според официјалното соопштение на „Esprit“, банкротот на швајцарската подружница и затворањето на филијалите било „неизбежно“, пренесува „Swiffinfo“.

„Глобалниот економски развој, во комбинација со наглото зголемување на трошоците за енергија и логистика, како и негативното расположение на потрошувачите и, на крај, но не и најмалку важно, високите кирии за нашите филијали, на крајот ни оневозможија да продолжиме со нашиот бизнис“, напишале од компанијата во април.

Презадолженоста на швајцарската филијала на „Esprit“ изнесувала околу 12 милиони швајцарски франци на крајот од 2023 година.

„Esprit“ облеката и понатаму ќе биде достапна во 19-те филијали со кои управуваат партнерите за франшиза и во 150 продавници за облека со различни брендови, соопштиле од модната групација тогаш.

Според информациите кои ги дале, компанијата ќе се реорганизира и во иднина ќе се концентрира на онлајн продавницата и трговијата со партнери за франшиза. Исто така, фокус ќе биде ставен и на „новите импулси во онлајн купувањето“.

Менаџментот сака да остане присутен во онлајн трговијата во Швајцарија.


„Esprit Retail Svitzerland AG“ е во целосна сопственост на модната група „Esprit Holdings Limited“, која е котирана на берзата во Хонгконг и има свое легално седиште на Бермуди. Поднесувањето на барањето за стечај на швајцарската филијала нема директно материјално влијание врз групата. Деловноста и работењето на групацијата, исто така, останале нормални.

На крајот на март се зборувало за затворање на околу 40 „Esprit“ продавници во Германија. „Esprit“ наводно го раскинал договорот со германската компанија, своевремено јавила локалната агенција „Rheinische Post“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Групацијата, со седиште во Бишофсверд во близина на Бауцен (Германија), сега сака да го користи малопродажниот простор за други цели. Ова веќе влијаело на локацијата на железничката станица во Дизелдорф, каде што се наоѓаат брендовите како „Vila“, „Onli“, „Jack & Jones“, „Selected Homme“ и „Street One nude“ во продавницата „Catches“, претходно „Esprit“, исто така управувана од „PTH Group“.


Кога неодамна ги објавил своите годишни резултати, менаџментот предупредил дека останува „сомнеж“ за иднината на брендот роден во 1968 година.

Неговите резултати за 2023 година покажале пад на активноста од 16,3% на 5,912 милијарди хонконгшки долари (околу 700 милиони евра), додека неговите загуби сериозно се зголемиле, достигнувајќи 2,339 милијарди хонконгшки долари (277 милиони евра, што претставува зголемување од 252% за една година), објавил fashionnetwork.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk