Тајкунот се пофалил: “За време на викендите спијам со 30 девојки, на мојата сопруга ѝ се допаѓа тоа”

Точка

03/04/2018

16:36

9.311

Големина на фонт

а а а

Траверс Бејнон, познат и како Кендимен, тврди дека на неговата жена ѝ се допаѓа тоа што го дели него со 30 жени.

“Ги сакам жените и правам што сакам со моето тело”, вели 27-годишната Таеша за “Daily Mail” и со тоа ги потврдила зборовите на својот сопруг. 

Таеша живее во вила на австралискиот Златен брег заедно со Кендимен и неговите две постојани љубовници, 22-годишната Ниша и 21-годишната Кристал. Вилата е во сопственост на тајкунот.


За време на викендите, во нивниот дом има над 30 жени кои доаѓаат на дивите забави кои ги организира Кендимен, чие финале секогаш е во спалната соба. Озлогласениот 47-годишен “плејбој” тврди дека таквиот начин на живот ѝ одговара и на Таеша бидејќи “го обожува нивниот неверојатен сексуален живот”.

“Многу сме среќни. Оженет сум со таа жена осум години, а нашата врска во секоја смисла – љубовна, семејна и сексуална – е како штотуку да сме се запознале”, изјавил Траверс.


“Преку викенд во нашиот дом има 30 жени, а на мојата сопруга тоа ѝ се допаѓа. Таа учествува во сè што правам со другите девојки”, додава Кендимен, а Таеша го дополнува: “Сум се бакнувала со други жени и претходно и отсекогаш сум била љубопитна. Завршив со љубомората. Трев и јас имаме силен брак и цврста врска, заедно минуваме многу време. Се чувствувам како да сум центар на неговиот живот”.

Исто така, Кендимен истакнува дека ваквиот живот е поморален од изневерувањето на жената зад нејзиниот грб.

“Колку луѓе во моногамни врски се навистина среќни?”, вели тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk