“Саурон Алерт”: Вработените во Фејсбук имаат опција за која никој не слушнал

Супермен

07/05/2018

12:01

2.466

Големина на фонт

а а а

Во јавноста излезе информација дека вработените во Фејсбук добиваат посебно известување т.н. “Саурон Алерт” доколку некој од другите вработени проба да им влезе на профилот. “Обичните” корисници ја немаат оваа опција на располагање.

Фејсбук на “обичните” корисници им испраќа порака за предупредување доколку некој проба да се логира на нивниот профил од други места. Тоа се случува доколку, на пример, редовно се логирате во еден град, а потоа добивате барање за логирање од друг град или држава.


Меѓутоа, доколку на профилот на “обичниот” корисник се логира некој од Фејсбук, таквото предупредување нема да се појави. Фејсбук признава дека постои “Саурон Алерт”, но и дека размислува за воведување на истиот начин на известување и за “обичните” корисници.

Од Фејсбук додаваат дека одреден број на вработени имаат овластување за пристап на профилите на корисниците и дека секое пристапување мора да биде оправдано. Доколку вработените пристапат без валидна причина, им следува отказ. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk