Новиот BlackBerry KEY2 за сите љубители на стандардната тастатура

Супермен

13/06/2018

17:53

1.663

Големина на фонт

а а а

Сосема нов BlackBerry KEY2 паметен телефон, може да го обнови статусот на својот произведувач и повторно да го вметне во групата на популарните гиганти на пазарот.

Новиот телефон поседува карактеристична физичка тастатура, развиена за секој кој отсекогаш сакал да пишува на екран со допир. BlackBerry исто така тврди дека нивниот нов производ ги поседува најмодерните подобрувања за безбедност и приватност, а делува како  KEY2 да пристингува со многу новитети кои досега беа непознати за овој произведувач. 


Овој телефон поседува Android™ 8.1 Орео систем, воедно претставен како првиот модел со двојна задна камера на овој бренд. Мистериозното копче за кое сите прашувавме за што служи, после проучувањето на промотивните фотографии, заклучивме дека има функција на Speed Key, некој вид на универзална кратенка, која може автоматски да ги активира апликациите, контактите и останатите функции.


Кога новиот модел на BlackBerry Ви е во рака, квалитетот на изработката на телефонот станува многу јасна, неговата рамка има мазни линии и елегантен дизјн, која воедно го прави овој телеофон речиси преголем.


Покрај стандардната и на сите добро позната тастатура на BlackBerry, во своја величествена практичност KEY 2 нуди и екран осетлив на допир, така што можете да го поседувате најдоброто од двата светови.


Тастатурата на BlackBerry поседува нова технологија со што пишувањето може да биде побрзо и попрецизно, без никакви напори.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk