Молба за позицијата иден сопруг: Одлучил да заведе девојка на Интернет, а кога ѝ го испратил ова писмо, останала без текст!

Супермен

10/09/2018

16:07

2.567

Големина на фонт

а а а

Во денешно време е сѐ почесто запознавање на партнер преку Интернет, а Џесика Меј Гилс (22) се изненадила кога едно момче одлучило да ја освои на сосема посебен начин.

Имено, Мичел дошол до идеја да ѝ прати дополнително писмо со детали зошто тој би бил нејзин потенцијален кандидат за иден сопруг.

Откако ја прашал како и каде може да се пријави за нејзин сопруг, Џесика му рекла дека може да му испрати молба на меил, но не учекувала дека другиот ден навистина ќе ѝ пристигне писмо во "inbox", пренесува "Daily Mail".


Мичел својата задача ја сфатил сериозно и напишал молба за позицијата иден сопруг, како да се јавува на оглас за работа. Го адресирал под име "Мичел, материјал за иден сопруг". Баш како да се пријавува за слободно работно место. Тој ја задржал официјалната комуникација и ги навел своите вештини, кои го квалификуваат за иден сопруг, а меѓу другото, навел и дека е голема муза и дека одлично готви чај за мирните ноќи додека гледаат некој добар филм.

Навел и дека нема искуство со тоа како е да се биде сопруг, но верува дека способностите кои ги има, секако ќе му помогнат во тоа да биде навистина добар иден сопруг. Молбата ја завршил со зборовите дека се надева дека ќе помине на квалификацијата и дека ќе му биде овозможено и телефонско интервју.


Со својата креативност и храброст, Мичел си загарантирал прилика за прв состанок, а Џесика за "Daily Mail" открила дека ѝ изгледа како да станува збор за некое добро момче, со одлична смисла за хумор и неговиот потег не го смета за очаен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk