[ФОТО] Освоил рекорден број Оскари, па исчезнал: Дали денес би го препознале еден од најдобрите актери во историјата?

Супермен

29/04/2024

21:12

21.546

Големина на фонт

а а а

На врвот од својата слава, после освоениот трет Оскар, во годините во кои имало уште многу да се понуди, шармантниот актер кажал – доволно е!

Англиско-ирскиот актер Даниел Деј-Луис денес го слави 67 роденден, како, каде и со кого веројатно нема да дознаеме затоа што тој се потрудил да остане една од најголемите енигми во светот на славните.

Трикратниот добитник на Оскар отсекогаш ја штител својата приватност и тврдел дека неговиот живот е „доживотно проучување на избегнувањето“.


Иако формалната адреса му е Њујорк, тој веќе со години времето го поминува во Анамо, ирско село во кое има дом, заедно со својата сопруга Ребека Милен, ќерката на легендарниот драматург Артур Милер со која е во брак од 1996 година.

Со неа тој има двајца синови, додека пак од претходниот брак има уште еден син со актерка Изабел Аџани, а за неговиот живот денес не се знае многу.

Зошто се повлекол од актерството?

Откако после улогата на Абрахам Линколн се изедначил по бројот на освоени Оскари со Џек Николсон и Волтер Бренан, станувајќи еден од рекордерите меѓу актерите, снимил уште еден филм и одлучил да престане да се занимава со актерство.


Последниот филм го снимил во 2017 година, па неговиот ПР соопштил дека тоа би било сѐ од актерот.

„Знаев дека е невообичаено да дадам таква изјава, но сакав да повлечам линија. Не сакав да се вратам на нови проекти. Цел живот зборував за тоа дека треба да престанам да глумам, не знам поради што овојпат беше поразлично. Импулсот да се откажам се вкорени во мене и тоа стана задолжително. Тоа беше нешто што морав да го направам. Пред да почнеме да снимаме, не знаев дека ќе престанам да глумам. Режисерот Пол Томас Андерсон и јас пред снимањето многу се смеевме. А, потоа престанавме затоа што нѐ обзеде чувство на длабока тага“, изјавил актерот.


„Сакам да го истражувам светот на некој друг начин“, заклучил тој.

Даниел беше познат како еден од актерите кои биле најпосветени на своите улоги, поради тоа што го практикувал методот на актерство, односно останувал во ликот и во текот на приватните моменти, а не само на филмскиот сет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk