Од несреќен пијаница до најпознатиот султан на светот: Животната приказна на Халит Ергенч е лекција која секој треба да ја знае

Супермен

30/04/2024

14:33

26.684

Големина на фонт

а а а

Нема некој што не слушнал за славниот Сулејман Величествениот, без разлика дали како историска личност или лик, кој во серијата „1001 ноќ“ го толкуваше никој друг туку Халит Ергенч, турскиот актер кој го маѓепса светот.

Многумина му се восхитуваа, со почит гледаа како маестрално ја игра оваа улога, а малкумина знаат дека не му било баш лесно да дојде до неа. Животниот пат му бил послан со трња кои се чини, го направиле посилен и го научиле дека кога нешто многу сакате, нема препреки кои не можат да се надминат.

Халит немал бајковито детство. Неговиот и животот на неговото семејство бил подреден на неговата помлада сестра Азад, која е родена со ментални потешкотии. Нејзе ѝ била потребна деноноќна нега, па актерот често бил во целост запоставен.


Сепак, тој следел некој свој животен пат и откако завршил основно образование одлучил да запише студии по бродоградба, но веќе во втората година сфатил дека уметноста е неговиот животен повик, па решил да се испроба во актерството и музиката.

За да заработи за школување се занимавал со разни работи. Од програмирање до часови по танц, ништо не му било туѓо. Хонорарно работел и како музичар и како актер и е горд на сето она што го постигнал на многу млада возраст.

„Кога ќе го погледнете мојот живот, се чини дека секој период во него живеела различна личност. Продавав билети, носев костим на робот и танцував на фестивали“, открива Халит.

Како млад заминал во Америка, каде што ги поминувал своите вечери гледајќи познати мјузикли и сонувајќи дека еден ден ќе биде на таа голема сцена.


„Додека бев во САД, прочитав некоја книга за актерството во која на првата страница пишуваше „Седејќи дома, никој нема да ве забележи“. Си помислив: „Секаде исти проблеми“. Чекав улога во мјузиклот „Клетници“ и спиев на отворено два дена додека не ми рекоа „Сфати веќе еднаш, ние не те сакаме“. Тогаш сфатив дека оваа работа зависи само од тоа колку добро ја работиш“, се присетил тој.

Размислувал како да се прехрани, актерството не му било наклонето. И токму кога размислувал да се откаже од сè, добил понуда да биде актер во детски театар.

„Бев шворц и ми требаа пари, а трагично ми беше да играм во детски театар. Додека ја работевме претставата „Кралот лав“, често бев пијан на сцената. Мојата ситуација беше очајна“, вели актерот и додава дека било така додека не пристигнала понудата од Турција.

„Требаше да работиме на турска адаптација на „West Side Story“. Кога пристигнав во Истанбул, тие јавија дека проектот е откажан и ми рекоа дека имаат повратен билет за САД за мене, но јас им реков да го задржат билетот. Го погледнав Босфорот и го почувствував благословот на Истанбул и повеќе не ми паѓаше напамет да го напуштам“, бил искрен славниот Сулејман.


Неговата кариера оттогаш оди по нагорна линија. Прво започнале да се нижат улоги за разни реклами, а онаа од познатата серија „1001 ноќ“ дефинитивно му го промени животот. Тогаш и љубовта влезе во неговиот живот, Бергузар Корел (Шехерезада во серијата), па може да се каже дека благодарение на оваа серија добил сè за кое отсекогаш сонувал.

Жените ширум светот воздивнуваа по овој шармантен актер, а позитивните филмски критики само се нижеле. Заработил многу пари, ги остварил соништата, но славата и овојпат имала две страни.

Медиумите го поврзуваа во романтичен контекст со секоја колешка, а наводно ситуацијата со Мерјем Узерли, која ја глумеше првата Хурем, била толку алармантна што и Бергузар доаѓала на сетот со љубоморни испади.


Било како било, животната приказна на Халит е лекција која секој треба да ја прочита. Патот од пијан актер од детски театар до еден од најплатените актери на денешницата не бил лесен, но тој бил доволно храбар и пожртвуван за да успее во она што никој никогаш не верувал - да стане турскиот Бред Пит и да ги освои срцата на публиката ширум светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk