Бадемот е моќен сојузник на здравјето, но во колкава количина треба да се консумира?

Супермен

21/09/2018

16:37

2.715

Големина на фонт

а а а

Шака јаткасти плодови на ден е она што секој треба да го смести во својата секојдевна исхрана. Овие мали "енергетски бомби" му ги обезбедуваат сите хранливи состојки на организмот и даваат чувство на ситост.

Бадемите помагаат во спречување на апсорбцијата на масти во организмот, изобилуваат со витамин Е, магнезиум и антиоксиданси, но и со влакна. Многу студии покажуваат дека една шака бадеми на ден помага во намалување на холестеролот, го штити срцето и крвните садови и помага во подобрување на помнењето. 


Редовната консумација на бадеми ја подобрува дигестијата, а витаминот Е кои тие го содржат помага во одржување на убавата и здрава кожа. Сепак, не треба да се претерува со овие здрави "грицки" бидејќи големата количина може да предизвика здравствени проблеми.

Препорачаната дневна доза на бадеми е една шака, односно околу 30-тина грама. Преголемата количина може да предизвика надуеност, гасови, а во некои случаи и дијареа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk