„Време е мојата кариера да се издигне на повисоко ниво“: Го прашале Новак дали тој е новиот Џејмс Бонд, одговорот сѐ уште се прераскажува

Супермен

25/04/2024

18:10

6.353

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ одлучил да престане да биде Новак Ѓоковиќ и да се посвети на улогата на Џејмс Бонд.

Како што вели, доволно му било од улогата во која одлично се снаоѓа, време е да се издигне на повисоко ниво. За што станува збор?

Неодамна АТП пласираше реклама во која најдобриот тенисер на светот објаснува дека АТП и тенисот воопшто се серија која се снима и дека Новак Ѓоковиќ е измислен лик којшто го глуми Берт Кричли, професионален актер.

Вака во таа реклама говорел Новак: „Дел сум од оваа емисија веќе 16, 17 години или АТП сезони, како што ние ги нарекуваме. Нешто што се обидувам да направам со овој лик на Новак Ѓоковиќ во серијата не се само игрите и достигнувањата туку да направам посебен лик, посебна личност. Се обидувам луѓето да се поврзат со него, да направам вистина за него. Што мисли тој, што чувствува, што го мотивира, дали е реална личност? Не е лесно...“.

Откако добил уште една Laureus награда како најдобар спортист на светот, српскиот тенисер се нашол во ново видео во улога на актерот Берт Кричли. И, ја добил улогата на најпосакуваниот таен агент на светот.


Новинарката: Па, Берт, ти си на врвот од својата форма, освои Златен рекет, повторно те номинираа за најдобриот спортист на светот во избор на Laureus. Многу се зборува за тоа дека ти си новиот Џејмс Бонд. Дали ти си новиот Џејмс Бонд?

Новак Ѓоковиќ: Дали сум? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им беше потребно толку многу време, но доколку тоа е официјална понуда, јас сум подготвен. Јас го сакам својот лик на Новак Ѓоковиќ, уживав во него, беше забавно, но веројатно би го напуштил Новак поради Џејмс Бонд. Мислам дека е време мојата актерска кариера да се издигне на повисоко ниво“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk