Навивачите ја исмеваат девојката на Рајс поради нејзиниот изглед, таа потиштена ги избришала сите фотографии од социјалните мрежи

Супермен

25/04/2024

11:39

5.568

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Челзи на трибините на Емирејтс за време на последното дерби го исмејуваа изгледот на девојката на Деклан Рајс, по што таа направи радикален потег и ги избриша сите фотографии од социјалните мрежи.

Рајс е во врска со Лорен Фрајер уште од училишните денови, а парот вплови и во родителските води предминатата година. Но, поради изгледот на Лорен, Рајс често е „мета“ на ривалските навивачи, а така било и во дуелот против Челзи кој беше одигран во вторникот.

Declan Rice’s girlfriend Lauren Fryer has sadly deleted all her social media photos after online trolls made fun over her appearance.


Absolutely heartbreaking to hear. 💔


Lauren, we are all with you.

Posted by The Football Village on Wednesday, April 24, 2024

На социјалните мрежи се појавија видеа од Емирејтс на кои се гледа како навивачите на Челзи пеат навредливи песни за партнерката на Деклан Рајс.

Исто така, тие ја навредувале и на социјалните мрежи, а навивачите на Челзи очигледно не му простија што минатото лето избра трансфер во најголемиот ривал – Арсенал, наместо да прејде на Стемфорд Бриџ и да игра за клубот за кој навивал во детството.

Лорен Фрајер била потиштена поради навредите и ги избришала сите фотографии од социјалните мрежи. Онлајн злоставувањето за првпат се случило во декември минатата година, кога навивачите му порачаа на Рајс дека „може подобро од неа“.


Лорен е најголемиот поддржувач и навивач на Рајс од почетокот на неговата кариера и редовно ги следи неговите натпревари, а беше присутна и на дуелот против Челзи. Рајс одигра одличен натпревар во победата на Арсенал со резултат од 5-0 против најголемиот ривал.

Парот по речиси 10 години врска, во август 2022 година го доби синот Џуд чие име Деклан го истетовира на телото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk