Бајден со потпис ја одобри забраната на ТикТок, директорот на компанијата жестоко возврати: „Ова е удар, иронија, гасење на слободата“

Супермен

25/04/2024

14:06

4.538

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон според кој „ByteDance“, во чија сопственост е ТикТок, мора да го продаде својот удел во компанијата во рок од една година, за да избегне забрана на оваа апликација во САД.

„ByteDance“ има рок од 9 месеци да најде купувач за ТикТок. Рокот може да се продолжи (за 90 дена) само доколку претседателот оцени дека има напредок во целиот процес. Портпаролот на ТикТок, Алекс Хаурек, изјави дека планот на компанијата е да го оспори овој закон и да ги одложи роковите кои се на сила.

Директорот на ТикТок, Шоу Зи Чу се огласи со видео на оваа мрежа и јасно го изрази своето незадоволство, велејќи дека ова е удар за корисниците и слободата на говорот.

„Ова е забрана за вас и вашиот глас. Ќе го одземат ТикТок од вас, 170 милиони Американци“, вели тој.

„Ова е иронично, бидејќи слободата на говор на ТикТок ги одразува американските вредности кои ги прават САД бастион на слободата“.

Бизнисот на оваа исклучително популарна платформа за социјални медиуми во САД вреди некаде помеѓу 35 и 40 милијарди долари, што значи дека нема да биде лесно да се пронајде купувач со доволно длабоки џебови.

Инаку, не е изненадување што Бајден го одобри законот што го изгласа Сенатот, бидејќи тој веќе ја најави својата поддршка.


Инаку, Домот ја усвои ТикТок „забраната“ или присилната продажба како дел од законот за воена помош за Украина и Израел. Предлог-законот следи по претходните напори на американските власти да го ограничат пристапот до апликацијата, наведувајќи ги како причина ризиците по националната безбедност.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп неуспешно се обиде да ја забрани апликацијата кога беше во Белата куќа во 2020 година.

Но, Трамп, кој повторно ќе се кандидира за претседател во ноември оваа година, сега го критикува предложениот закон, велејќи дека ограничувањето на ТикТок ќе му даде неправедна корист на Фејсбук.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk