"Shaveducking" - ѝ се допаѓате вие или вашата брада?

Супермен

25/09/2018

16:03

2.398

Големина на фонт

а а а

Последниве неколку години брадата не излегува од мода. Таа стана заштитен знак на многу момци, па дури и на оние кои мислеле дека никогаш нема да ја пуштат. Со овој тренд, кој не се менува, порасна и женската заинтересираност за момци кои негуваат долга брада.

Некои момци се допаѓаат со брада, други ја носат за да ги покријат раните на лицето, некои пак сметаат дека без неа делуваат незрело, а четврти ја носат само за да им бидат привлечни на жените, бидејќи се уверени дека тие преферираат мачо тип, кој задолжително носи брада.


Да, многу девојки "паѓаат" на момци со брада, но сега доаѓаме до оној контроверзен поим "shaveducking". Имено, shaveducking означува чувство на нелагодност, кое може да се јави кај девојките, кои не се сигурни дали ги привлекува момчето или неговата брадата.


Ова може да биде многу зафркната ситуација, бидејќи, ако се избричат, постои шанса нивната сакана повеќе никогаш да не им се јави. Некои девојки кои не се свесни дека се заљубиле во момчето само поради неговата брада, често суптилно му сугерираат да не ја бричи, наведува порталот "Your Tango".


Уште некои знаци дека ја привлекувате само поради брадата е стравот од вашето избричено лице и како би изгледале со него. Ако се препознаете во ова, размислете дали вашата врска има воопшто смисла и дали впечатокот за неа можат да го променат влакната на лицето.

Многу е глупаво доколку некое момче ја остави својата девојка само заради тоа што ја скратила косата, нели?


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk