Татјана Алексиќ: Место кое подмладува

Точка

26/10/2018

10:21

10.610

Големина на фонт

а а а

„Доаѓаш стар, си одиш млад“ е максимата на Сокобања едно од местата за кои е сентиментално поврзана професорката Татјана Алексиќ. Каде имал апартман и каде творел Иво Андриќ и многу други познати уметници. Но, не застануваме тука, со неа продолжуваме кон Белград. На некои места одвај чекаме да отидеме, поради луѓето кои не чекаат таму. Поголемиот дел од вас знаат и зошто Белград е Белград, но прочитајте ја нејзината причина зошто го сака овој град. Ова се викенд дестинациите, за кои нема да потрошите многу пари и време, а ќе ги паметите засекогаш.

Има места кои за кои посебно се врзуваме или не врзуваат спомените, доживувањата, не освежуваат, не полнат со енергија. Кое е такво или кои се такви за вас?

- Сите патишта водат во Рим, а мене во Сокобања и Белград. Места со кои сум сентиментално врзана и кои после Скопје, мојот роден град, најмногу ги сакам. Баш така, ги сакам, им се радувам, често им се враќам и пак би одела. Патувањата се секогаш различни, истите места секогаш различно ги доживуваш, она што си го видел преку ден не е исто ноќе.

Годишните времиња различно ги обојуваат местата. Која е убавината на Сокобања и Белград гледано од твоите очи?

- Зимскиот пејзаж е различен во пролет... Го сакам летото во Сокобања, кога ноќите и утрата се свежи како ,,април у Београду". Поради високата концентрација на озон и боровите шуми, воздухот во Сокобања е чиста кислородна терапија, не случајно го имаат приматот ,,најчиста еко средина и единствена воздушна бања во Србија". Белград, без оглед на суровоста на асфалтот го има благодетот на големи зелени површини околу Калемегдан, крај Ушќе, реките Сава и Дунав го дренираат градот , кој колку и да се загрева ,,Кошава" го разладува. Највкусна, амбиентална рибешка чорба има во етно ресторанот „Стара колиба“, баш каде што се влева Сава во Дунав.

Кошава са Дунава, а Сокобања ја дува ,,Ружа ветрова" и во зима може да ви се замрзне носот кога е влажен , само при едно вдишување. Децата сѐ уште се санкаат по низдолните улици, а имаат импровизирани зичници на планината Озрен, конкуренција на планината Р,тањ која за време на еуфоријата околу ,,смак на светот" беше најпосетено место каде се купуваа плацеви како спасоносни „ноеви арки“.Заради геометриски совршениот пирамидалниот облик (споредена со пирамидите во Босна и пирамидите на древните Маји)на планината и трите коти на околните планини, Р,тањ дава бајковитост на место заштитено од катаклизми, а се бере и чај со афродизијачки волшепства, познат како р,тањски чај.

Сокобања е инспиративно место за многу уметници?

- Сокобања била инспиративно место за нобеловецот Иво Андриќ, кој во хотелот Моравица имал свој апартман (сега е спомен музеј) каде го почнал романот „Мостот на Дрина“, вдахновен од тишината која ја ремети брзата и студена река Моравица.


Исидора Секулиќ во своите мемоари за Сокобања ќе напише дека таму срцето не бие, ниту чука, туку се лелелее, се лула како безгрижно дете на лулашка. Младиот дух и младоликоста на мештаните ќе го овековечи Бранислав Нушиќ, чест гостин на Сокобања, со максимата ,,Сокобања - Сокоград, дођеш стар , одеш млад". 

А како да не се подмладиш кога дишеш чист кислород и се бањаш во лековитата вода на амамот каде се снимени сцените од филмот Зона Замфирова на Стеван Сремац, кој често доаѓал во својата куќа во Сокобања во потрага по душевен мир. 

Мојата емоција за Сокобања е мојот душевен мир, мојот татко, Александар Голубовиќ - Бањац, некогаш фудбалер на Озрен и Црвена звезда, човек со два факултета ( за тоа време реткост) кој сега ја живее својата десета деценија и сѐ уште боемски рецитира во најстарата култна кафеана „Жупан“.

 

А ако сакаме негде да отседнеме уморни и гладни?

- Белград, Белград има сѐ што ќе посакаш, освен ќебапчиња, А ла Дестан ! Но, има слични, со три вида на месо сервирани со многу кромид во сомун кај ,,Валтер", ресторан каде го доживувате Бата Живојиновиќ како ликот Валтер, оној за кој цел свет полуде за време на СФРЈ, а Кинезите го синхронизираа. Ако сакате врвна услуга и послуга со ,,кореографски настап" ( сервираат двајца синхронизирани келнери) одете ,,Код Франше" во Автокоманда (код Петље), околината е непривлечна, но долу под автопатот е вистински рај. Удобноста оди до таму, да ако си ги заборавил очилата и сакаш да нешто да прочиташ, секогаш будниот конобар доаѓа и ти отвора кутија со сите можни диоптри на очила. Бог знае дали би ти понудиле обувки ако после долгото пешачење ти се скршат штиклите? Во Белград ја живеат деветата деценија мојот чичко, некогаш судија во Врховниот суд, Миодраг Голубовиќ и за мене, најубавата стринка на свет, некогаш пионир во белградската мода, а сега отмена дама која знае да пие чај на терасата на Хилтон и да ужива.


Што не прошушташ да посетиш кога одиш?

- Со нив никогаш не пропуштам да отидам во тетар, музеи, цркви и да посетам културни споменици. Храмот на Св. Сава, Музеј на современа уметност, Народен музеј и мавзолејот на Тито ми се како Дизниленд за децата, не знам што попрво да видам...

[Народен музеј]

[Спомен куќа на српскиот поет Ѓура Јакшиќ на Скадарлија]

[Најголемиот српски православен храм во светот. Пoдигнат е на местото за кое се смета дека Коџа Синан-паша 1594 година ги спалил моштите на Свети Сава. Изграден е во византиски стил со 4 звоници од 44 метри, а висината на врвот на куполата е 70 метра.Центарлниот позлатен крст е висок 12 метри, а заедно со храмот висината е 80 метри. Може да прими 10000 верници, има три хорски галерии по 700 хористи.Под хармот се наоѓа повеќенаменска етажа во која се наоѓа ризницата и крипта на патријархот и гробна црква на Св.Кнез Лазар]



Спонзорирани линкови

Маркетинг