Во лабораторијата на Самсунг за тестирање на квалитет, која се наоѓа во седиштето на компанијата во Сувон во Јужна Кореја, постои робот кој се користи за тестирање за издржливост на смартфоните, а станува збор за роботски задник.
Самсунг секогаш сака неговите уреди да бидат што подобри, поиздржливи и после неколку претрпени падови и други влијанија и понатаму да работат како што треба. Тестовите за квалитет се многубројни, а еден од нив подразбира роботски задник кој се спушта врз уредите.
Овој концепт можеби на некои им е смешен, но всушност покажува одлучност на компанијата да ги тестира своите уреди во реални околности и ситуации.
Во лабораторијата се одвиваат и бројни други тестови, од тестирање на звук и сигнал, до пад, топлотно тестирање, па сè до користење на смартфонот во симулирани екстремни временски услови.