И американскиот рапер Снуп Дог се закити со ѕвезда на Патеката на славните

Супермен

20/11/2018

11:33

1.557

Големина на фонт

а а а

Легендата на рап музиката од Лонг Бич, Снуп Дог конечно овој понеделник ја доби својата ѕвезда на холивудскиот булевар односно Патеката на славните.

Членовите на семејството и долгогодишните пријатели и соработници се собрале на познатата улица во Лос Анџелес, недалеку од Capitan Entertainment Center каде инаку се снима емисијата на Џими Кимел. 


Кимел секако беше присутен за да му оддаде почит на музичарот кој дури 16 пати беше номиниран за Греми награди, а друштво му правеле Др. Дре и Квинси Џоунс.

"Да се добие ѕвезда на Патеката на славните е најголемата чест кој еден уметник може да ја добие и ако некој ја заслужува тогаш тоа е Снуп Дог. Ти честитам", рекол Кимел.


Откако им се заблагодари на Др. Дре и Ворен Џи, како и на семејството за долгогодишната поддршка, Снуп конечно си се заблагодари и себе си.

"И на крајот сакам да си се заблагодарам себе си. Сакам да се заблагодарам бидејќи верував во себе и што работев напорно", рекол Снуп.


Снуп Дог, чие вистинско име е Келвин Кордозар Броадус Џуниор, за прв пат се појави на американската рап сцена во почетокот на 90 години, а набрзо се обиде и во актерските води. Зад себе има 16 успешни албуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk