Дали Роналд Вејн е најнесреќниот човек на светот?

Супермен

26/04/2024

11:43

5.227

Големина на фонт

а а а

Да не го продадеше својот дел толку евтино тогаш, денес би бил еден од најбогатите луѓе на светот!

„Apple“ е една од најзначајните компании во светот, членка на седумте величествени во клубот на гиганти со пазарна вредност од повеќе од 3 трилиони долари. А ако некој денес има макар и 1% удел во компанијата, тој поседува околу 25 милијарди долари. Меѓутоа, Роналд Вејн, кој беше еден од тројцата основачи во 1976 година заедно со Стив Вознијак и Стив Џобс, го напуштил технолошкиот гигант само 12 дена по неговото лансирање!

Тогашниот 42-годишен инвеститор го дизајнираше првото лого на „Apple“ и ако го задржеше уделот од 10% кој го имал пред речиси половина век, ќе беше еден од најбогатите луѓе во светот. Како што откриваше во интервјуата низ годините, Вејн имал свои причини за заминување, но изгубил и огромно богатство. И покрај учествувањето во развојот на самата компанија и создавањето на оригиналното лого, Вејн бил загрижен за секој долг што би го имала компанијата и чувствувал дека ако работите тргнат наопаку, тој е премногу „стар“ за да започне од почеток.


Според зборовите на третиот соосновач, неговата улога била улогата на „возрасниот во собата“, бидејќи во тоа време Џобс имал само 21 година, а Вознијак само 26. Денес Роналд Вејн е во пензија и живее во куќа во Невада, каде продава поштенски марки, ретки монети и разни сувенири од неговото кратко време во „Apple“.

„Имаше многу причини зошто заминав 12 дена подоцна“, рече Вејн во едно интервју, размислувајќи за неговата одлука да го напушти „Apple“. Една од причините била „чиста и разумна деловна одлука“ заснована на неговото претходно искуство со основање компанија за автоматски игри.

„Тогаш дознав дека сум многу подобар инженер отколку бизнисмен“, тврди тој.


Додека Џобс и Вознијак имале малку да изгубат во случај на неуспех, Вејн имал дом и други имоти и се плашел дека финансискиот товар од катастрофата ќе падне на него ако нешто тргне наопаку, бидејќи нема да може да сврти нова страница во неговиот живот. Кога склучиле договор со „Byte Shop“ за да им продаваат компјутери, Вејн бил вознемирен бидејќи „Byte Shop“ имал репутација на лош плаќач на пазарот. Тој го исфрлил своето име од договорот и го продал својот дел за само 800 долари. Да имаше акции денес, ќе беше меѓу најбогатите луѓе во светот.

„Никој не можеше да предвиди колку голем ќе стане 'Apple'“, повторил тој, но тврди дека не жали за одлуката. „Да останев во 'Apple', веројатно ќе завршев како најбогат човек, но на гробишта“, додава Роналд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk