Ја изневерувал сопругата и постојано бил пијан: Џеки Чен ја шокираше јавноста со својата автобиографија

Супермен

05/12/2018

15:51

2.896

Големина на фонт

а а а

Во својата нова книга "Never Grow Up", Џеки признал дека ја изневерувал својата сопруга, излегувал со проститутки и го удрил својот син кога бил бебе.

Џеки Чен важи за еден од најголемите миленици на Холивуд. Тој е секогаш насмеан, позитивен и делува како фин и културен човек. Чен над 40 години снима акциони и каскадерски филмови, но и по четири децении занимавање со оваа професија, тој е и понатаму силен, покретен и се' уште снима опасни сцени. 

Меѓутоа, луѓето не го сакаат само поради неговите таленти, туку и поради неговата личност која е многу симпатична, духовита и смешна, па затоа тој е еден од големите идоли помеѓу помладите. Џеки во својата нова книга "Never Grow Up" признал некои работи и им порачал на своите обожаватели дека и тој е човек од крв и месо кој прави грешки во животот и кој никогаш нема да може да си ги прости.


Причината поради кои ги изјавил овие работи е тоа што му смета луѓето да го нарекуваат "безгрешен". Тој сакал да ѝ покаже на јавноста дека е во состојба да погреши и дека грешките се составен дел од човековото битие, но треба да научиме како да не ги повторуваме.

Џеки признал дека во еден период од животот имал проблеми со алкохолот и постојано возел пијан.

"Знаев наутро да седнам пијан во Поршето и да го удрам, а вечерта го правев истото, само со друг автомобил", напишал популарниот актер во својата книга.

Тој исто така признал дека ја изневерувал својата сопруга, поради што подоцна се каел, и дека често бил во друштво на проститутки и дека еднаш го удрил својот син додека бил бебе.


"Кога мојот син беше многу мал, го удрив толку силно што тој падна на софата. Мојата сопруга беше шокирана, а тој почна да плаче. Се' уште не можам да си го простам тоа и за среќа не го повредив", тажно објаснил Џеки.

Изненадувачки факт е тоа што обожавателите на актерот се воодушевени од неговата искреност и почнале да го поддржуваат и да велат дека тој е вистински јунак, бидејќи признал нешто што никој во животот не би го направил и бидејќи се соочува со сите демони, пробувајќи да ги победи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk