Откријте што најмногу ги возбудува жените за време на сексот

Супермен

06/12/2018

15:18

3.410

Големина на фонт

а а а

Според резултатите од неодамнешната анкета, многу жени изразиле желба нивните партнери за време на сексот да бидат погласни и заклучиле дека тоа е еден од начините со кои можат значајно да го подобрат интимниот живот.

Дури и на најискусните љубовници им се случува во одредени периоди да „изгубат вештина во кревет“, а жените многу често не кажуваат дека не се задоволни, за да не ги повредат партнерите, пренесува „Daily Star“.

Ова е веројатно една од причините поради кои секогаш постои огромен „оргазмичен јаз“, помеѓу мажите и жените.


Според податоците од истражувањата, речиси 91% од мажите доживуваат оргазам за време на сексот, во споредба со 64% од жените. Меѓутоа, во последната анкета, жените се изјасниле дека за да бидат задоволени , не се пресудни исклучиво сексуални вештини.

Речиси 1.500 жени учествувале во анкетата, која ја спровеле „Reddit“, во која одговарале на прашања што најмногу ги возбудува во спалната соба и што би сакале да променат кога станува збор за нивната интима, а повеќето од нив рекле дека сакаат нивните партнери да бидат погласни.


„'Вревата' за време на водење љубов е многу секси, така што мажите не би требало да ги запираат своите гласови. Жените мора да знаат дека и мажите вистински уживаат“, објаснила една од испитаничките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk