Морничава сцена во Бразил: Фудбалер сред натпревар го удрило гром, а она што се случило потоа ги шокирало присутните

Супермен

16/01/2019

15:36

4.058

Големина на фонт

а а а

На натпреварот на младинските екипи Агва Санта – Атлетико Минеиро, големото невреме, молњите и громовите не биле доволна причина истиот да биде прекинат.

Без оглед на сето тоа, мечот продолжил, но потоа следел вистински шок кога гром го погодил играчот Енрике, кој во тој момент бил на теренот. 

Сите немо набљудувале што се случува и во неверување го гледале својот пријател како се бори за живот. Следела пауза од неколку минути, а потоа се случило нешто на кое никој не се надевал – судијата го продолжил натпреварот. 

За среќа, Енрике бил набрзо пуштен од болница бидејќи било констатирано дека тој не добил посериозни повреди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk