Брза помош од иднината? Возило кое се движи и искачува на ѕид висок метар и половина

Супермен

18/01/2019

11:06

1.591

Големина на фонт

а а а

Технолошкото чудо на Хундаи има нозе кои се превиткуваат со кои може да се придвижува низ густите шуми, планини или непроодните патишта.

Помеѓу, бројните излагачи на Consumer Electronics Show во Лас Вегас, најголемиот светски саем за потрошувачка електроника, Хундаи претстави подвижен автомобил чија улога би требало да биде спасување на луѓе на тешко достапни места каде нормално возило не може да пристапи. 


Во градот такво возило би им било од помош на луѓето со инвалидитет, бидејќи Хундаи лесно може да се паркира до влезните врати. Може да се искачи на ѕид од метар и половина, а сето тоа на доволно нежен начин за на патниците да им биде релативно удобно.


Со овие карактеристики, возилото Хундаи би можело да биде подготвено и за возење по други планети, како Марс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk