Најбогатиот човек на светот јавно го обвини американскиот магазин: "Ме уценуваа со голи фотографии"

Супермен

08/02/2019

12:18

1.556

Големина на фонт

а а а

Шефот на Амазон, Џеф Безос кој во последните неколку недели ги исполни таблоидите со разводот од сопругата Мекензи поради аферата со ТВ водителката Лорен Санчез, го обвини американскиот магазин National Enquirer за уцена.

Најбогатитот човек на светот тврди дека од авио-компанијата American Media Inc, која има сопствеништво над магазинот се обидувале да го уценуваат со приватни фотографии за да се откаже од истрагата за тоа на кој начин магазинот ги поседуваше на приватните пораки кои тој ги разменувал со тогашната љубовница и кои биле мотивите за нивно објавување. 

Сè што се случувало беше опишано во текст на medium.com, под наслов "No, thank you Mr. Pecker", обраќајќи му се директно на сопственикот на American Media Inc, Дејвид Пекер.

"Пред неколку дена ни пријдоа, првично вербално и кажаа дека имаат уште мои фотографии и пораки и дека ќе ги објават доколку не ја прекинам истрагата. Моите адвокати заклучија дека немаат право на тоа поради авторските права на фотографиите и бидејќи нема ништо вредно во нив, не постои интерес кај јавноста поради кој оправдано би ги објавиле", напиша тој.


Безос потоа ја објави содржината на меилот во кој му биле опишани десетте фотографии кои ги поседуваат, меѓу кои и оние експлицитни. Условот за фотографиите да не се објават е тоа што Безос треба да даде лажна изјава за медиумите во која ќе тврди дека нема никакви сознанија или основи врз кои би можел да тврди дека нивните објави не се политички мотивирани или се под политички притисок.

"Наместо да им биде успешно уценувањето, одлучив да ги објавам материјалите кои ги добив и покрај личната загуба и срамота кои ми се закануваат", заклучи Безос.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk