Цајо: Ретро журка за „Засекогаш Млади“

Точка

12/03/2019

11:09

5.574

Големина на фонт

а а а

“Forever Young” ретро журка за сите кој знаат да го одржуваат младешкиот дух во себе на 5 април (петок) во 21 часот во Борис Трајковски.

Повод за оваа ретро забава е големиот јубилеј во Скопје и Македонија, 50 години диско живот, односно од отворањето на првото диско во градот, а тоа е диското „Технометал“ кое се отовори во далечната 1969 година, објаснува организаторот на ретро журката и еден од основоположниците на ноќниот живот во Скопје. 

Која ќе биде темата на овогодинешната ретро журка? 

- Темата на големата ретро забава ја добив од преубавата песна „Фор евер јанг“ на групата Алфавил од 1983 година. Самиот наслов ме поттикна на се што човек го посакува.

Тоа е ветувањето на секој од нас додека во срцето се чувствуваме млади и никогаш нема да старееме, да ги заборавиме нашите години и да се препуштиме на човековото мото на живот, а тоа е ветувањето на човечката регенерација да се остане вечно млад.

Што е она што некогаш го имаше кај младите, а денес не кога е во прашање ноќниот живот? 


- Своевремено ноќниот живот во Скопје имаше нешто што сега младите го немаат, а тоа е дружењето, насмевката, љубовта меѓу луѓето и секогаш постоеше флуид на разбирање, немавме мобилни, а сепак секогаш постоеjа теми на разговор во кафулињата и дискотеките, но сега вредностите се менуваат со брзина на светлоста.

Го следевте ли модниот тренд? 

- Во светот на модата Скопје беше препознатлив по зависноста од италијанската модна сцена. Во 70-тите години од минатиот век ние како млади не касневме со се што е поврзнао со модата. Секој викенд се одеше во Трст-Италија. 

Грција-Солун, а во подоцнежните години беше актуелен Истанбул-Турција.Сите водечки марки од текстилната светска индустрија беа присутни кај нас. Скопје како сега наликуваше на модна писта во кафулињата и дискотеките.


Имаше ли „фејс контрол“ кој смее, а кој не смее да влезе во диско?

- Инаку порано во времето на познатите дискотеки:„Технометал“,„Мусандра“,„Панорама“,„Турист“,„Таверна“, „Огниште“ и Метропол постоеше ред во влегувањето во диско.Моравме секогаш со нас да имаме девојка бидејки влегувањето во диско беше задолжително да имаш придружничка од поубавата половина, инаку ќе мораш бараш врски преку вратарите како во тоа време ги нарекувавме. Ако некој влегува со две девојки обавезно имаше млади дечки кој висеа од страна покрај влезот на диското и имаш како на пример: 

- Извини може ли да влезам со другарка ти?

Тој начин на влегување траеше се до средината на 80-тите години.


Потребни ли беа многу пари да си поминете убаво?

- Инаку кога станува збор за пари колку ни требаа во тоа време исто беше како и сега, од пари доста нема, но сепак знаевме и со помалку пари одлично да си поминеме и да се забавуваме. Ако некој од нас немаше пари тогаш некој од другарите ќе те почасти, некој пијалок. па и цигари.


Имаше „тепачка“ за резервирање сепариња, па скапи пијалоци...? 

- Во тоа време дискотеките имаа свои блокови на таканаречената сентиш музика. Едвај чекавме да дојде тој блог, инаку врмето на музика траеше 20-тина минути и секогаш беше во 20:15мин до 20:40 ил 20:45мин. Вториот блог е во 21:45 до 22:15мин. Тогаш секој ја чекаше својата шанса да покани некоја своја симаптија на танго или таканаречен „стискавец“ и да ја освои на свој начин на додворување. 

Знаевте ли да избегате од градот? 

- Постоеше спонтаност меѓу младите во тоа време.

Имаше дружба на секоја начин као на пример организирање домашни журки,забави со храна и пијалоци,потоа дружење преку нашите клубчиња кои беа модерни во тоа време како на пример:Пони Клуб,Алпино,Шанеда,Соникс,Албатрос,Пк 55 и многу други клубови кои ги имаше во секоја населба во Скопје. Во тоа време многу беа популарни журките по околината на Скопје во вилите на познатиете излетнички места;Матка,Соње,Марков манстир, Катланово, Орешани, Волково, Четри воденички, Чардак и многу други места во Скопската околина.На овие журки се организираа колони од 50-тина возила кои во тоа време беа актуелни како;Фиќо.ФИАТ 1300.Голф 1,Застава 101,Фолксваген Буба, Опел Кадет, Мерцедез, Пежо, Рено, Дијана, Цитроен спачек и многу други актуелни возила за тоа време.


Имаше ли градски фраери кои беа идоли и се издвојуваа? 

- Секое време си носи свои идоли или фраери, актуелни девојки во градот, но мислам нема смисла да ги посочувам бидејки некои од младите во тоа време ќе се навредат ако не ги споменам. Но затоа постоеше вредност на секој како личност, секој беше актуелен на свој начин. 

До колку часот траеја журките? 

- Тогашниот ноќен живот во дискотеките траеше до 23 часот, а после најголемата гужва беше на автобуските станици, затоа ако го пропуштите автобусот ве чека голем пат до дома, ќе морате пеш да се враќате. 

Кои хитови ќе се слушаат на оваа ретро журка? 

Оваа ретро забава ќе се заснова на многуте хитови од тоа време, затоа и ја организирам со повод да се навратиме на најголемите хитови од 70-тите, 80-тите и 90-тите години кои изобилуваа со многу хитови и оставија трајна вредност како евергрини во музиката. 

Кои диџеи ќе се погрижат за музичкиот времеплов? 

- За музичкиот дел ќе се погрижат познатите диск џокеи како: Зоран Петров-Антена 5, ДЏ Вера Јанковиќ, ДЏ Баџо, ДЏ Цена, ДЏ Ерик Фокс, ДЏ Струја и исто така ќе ве очекуваат и многу изненадувања од типот на гости на вечерта од музичкиот свет. 

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг