Ова се сите деца на Доналд Трамп: Еве како изгледаат и со што се занимаваат

Супермен

14/03/2019

13:34

6.492

Големина на фонт

а а а

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, овие денови престојува во Белград и со тоа привлече големо внимание во медиумите.

Се смета дека таа на некој начин е најмаргинализирана во семејството Трамп бидејќи не пораснала покрај својот татко. Трамп ја има Тифани со мисицата Марла Мејплс – жената поради која ја оставил првата сопруга Ивана. Марла сама ја одгледувала ќерката, но повеќепати нагласила дека Доналд сепак не пропуштил ниту еден важен настан и дека парично го згрижувал детето. Наспроти тоа, во американските медиуми ја нарекуваат личност од “Б листата на Трамп”. 

Инаку, Тифани е позната како примерна девојка. Пријателите за неа велат дека е многу фина и дека никогаш не ја виделе таа недолично да се однесува, дури и никогаш не ја фатиле со чаша вино во раката. Освен Тифани, американскиот претседател има три деца од првиот брак со некогашната чешка манекенка Ивана Зелничкова и синот Барон со сегашната сопруга Меланија Трамп.

Доналд Трамп Џуниор е најстариот син на претседателот на САД. Тој со поранешната сопруга Ванеса има пет деца, а по разводот започнал да се забавува со осум години постарата водителка Кимберли Гилфојл.

Може да се каже дека ќерката Иванка Трамп е една од најуспешните членови на семејството. Меѓутоа, нејзиниот татко неколку пати ја згрозил јавноста со недоличните изјави за својата ќерка.


“Да, таа е навистина нешто посебно, а притоа е и многу убава”, е само една од низата слични изјави кои Доналд ги кажал за родената ќерка.


Иванка е директор на една од организациите на Трамп, но и член на администрацијата на Белата куќа, а паралелно со тоа е посветена и на своите лични проекти во областа на модата. Во 2009 година е во брак со Џеред Кушнер со кој има три деца.

Ерик Трамп е вториот син на Доналд, а заедно со својот брат и сестра се управители на организацијата на претседателот. Познат е и по учеството во реалното шоу “The Apprentice” и е во брак со Лара Трамп. Во 2017 година, парот го доби синот Ерик Лук Трамп.

Денес најмногу внимание секако привлекува поранешната манекенка и актуелна прва дама на САД, Меланија Трамп. Со Словенката, претседателот го има 13-годишниот син Барон. Тинејџерот ретко се појавувал во јавност, но со текот на годините, неговите родители сѐ почесто го носат со себе на различни приеми и настани. Барон посетува приватно училиште каде една година изнесува околу 45 илјади долари.


“Тој е остроумно, посебно и паметно момче. Независен е, самоуверен и точно знае што сака. Понекогаш го нарекувам “Мал Доналд” – иако е мешавина од мене и сопругот во изгледот, карактерот му е како неговиот, па затоа и така го нарекувам. Кога имаше пет години сакаше да биде како својот татко – бизнисмен и голфер”, изјавила своевремено Меланија за својот син.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk