Фејсбук призна уште еден пропуст: Лозинките на корисниците биле видливи за сите вработени во компанијата

Супермен

22/03/2019

12:26

1.064

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа Фејсбук призна уште еден пропуст во заштитата на приватноста на корисниците, бидејќи лозинките на милиони корисници ги држеше во незаштитен формат.

Лозинките биле подготвени во обичен текстуален формат и биле видливи за сите вработени во компанијата. 

"Го воочивме тоа, бидејќи нашите системи се такви што ги маскираат лозинките со користење техники кои ги прават невидливи", напиша Фејсбук во порака до кориснците.


Во пораката се наведува дека пристапот до лозинките однадвор не бил возможен и дека нема знаци на злоупотреба на тие лозинки.

Проблемот е воочен во јануари, кога беше спроведена редовна безбедносна контрола во компанијата и така проблемот беше отстранет, а Фејсбук ќе ги извести сите оние кои се погодени со тој пропуст.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk