Милијардерот Франсоа Анри Пино и неговото семејство ветиле дека ќе донираат 100 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз која синоќа гореше во разорен пожар, пренесува Поп Шугар.
"Одлучивме од фондот на Артемида да префрлиме 100 милиони евра за целосна реконструкција на катедралата Нотр Дам", рекол милијардерот.
Франсоа е претседател и извршен директор на Керинг, меѓународна луксузна компанија која ги поседува брендовите Гучи, Александер Меквин, Баленсиага и Ив Сен Лорен.
Тој е оженет со глумицата Селма Хаек која исто така изрази жалење после информацијата за пожарот во катедралата и дека настанала огромна материјална штета на оваа историска градба.
"Како и многу други, јас сум во длабок шок и многу се растажив откако видов како убавината на катедралата се претвора во чад", напиша Хаек на Инстаграм.
Интересно е што Пиноа и Хаек се венчале еден километар подалеку од катедралата и наводно тој сè уште поседува куќа во нејзина близина.