Некогаш ја исмејувале поради нејзината висина и облини, но таа не дозволи тоа да ја обесхрабри, наместо тоа профитираше од својот изглед и денес заработува милиони.
Мажите се воодушевени од нејзината сила, но и од нејзиниот задник.
Мари Темара е висока 191 см и е позната по кревање тегови со тежина и до 133 килограми за време на интензивни тренинзи.
Поради нејзината висина и градба била жртва на врсничко насилство, но својата „слабост“ ја претворила во своја најголема сила и изградила успешна кариера.
Денес, таа како инфлуенсерка годишно заработува милиони, што ѝ овозможило да изгради приватна теретана вредна 75.000 фунти.
Во теретана, таа често го привлекува вниманието на мажите, кои дури и бараат помош од неа бидејќи нејзината сила ги импресионира.
Поранешната сметководителка сега инспирира милиони следбеници на Инстаграм да им пркосат на стереотипите и жените бестрашно да го заземат своето место во светот на кревањето тегови.