„Chery iCaur V27“ ја имаше својата светска премиера

Супермен

06/08/2025

13:08

727

Големина на фонт

а а а

Кинескиот производител „Chery“ ја одржа светската премиера на својот нов кросовер „iCaur V27“ во Обединетите Арапски Емирати. Новиот модел е дизајниран за глобалниот пазар и е достапен исклучиво како хибрид.

Возилото е долго 5.045 мм, широко 1.976 мм, високо 1.894 мм и има меѓуоскино растојание од 2.900 мм.

Погонскиот систем вклучува бензински мотор од 1,5 литри со 156 коњски сили и еден или два електромотори.


Врвната верзија со погон на сите четири тркала нуди до 456 коњски сили и електричен досег до 200 км (според циклусот „CLTC“).

Вкупниот досег ќе надмине 1.000 км, а забрзувањето до 100 км/ч ќе трае 5,9 секунди.


Прелиминарната цена за верзијата со погон на задните тркала е околу 200.000 јуани (приближно 24.040 евра).

Планирано е „iCaur V27“ да започне со продажба на кинескиот пазар во четвртиот квартал од 2025 година, пренесува „AutoBlog“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk