Вацап работи на функцијата „Guest Chats“

Точка

06/08/2025

18:19

410

Големина на фонт

а а а

Вацап развива нова функција наречена „Guest Chats“, која ќе им овозможи на корисниците на платформата да се допишуваат со друга личност која не ја користи апликацијата, а со испраќање на линк.

Примателот нема да мора ниту да ја преземе апликацијата ниту да креира профил.

Се работи за тоа дека „WhatsApp“ планира да го направи допишувањето достапно во повеќе области. Компанијата развива сосема нова и посебна функција, која ќе им овозможи на корисниците да испраќаат пораки до луѓе кои воопшто ја немаат инсталирано апликацијата „WhatsApp“ на своите уреди или немаат профил.

„WaBetaInfo“ известува дека новата функција се тестира во бета верзија 2.25.22.13 за Андроид и наскоро ќе биде достапна за бета корисниците.


Новата функција се нарекува „Guest Chats“, а функционира така што корисник на Вацап испраќа линк со покана до друго лице, кое ја прима поканата и може да користи безбеден интерфејс како „WhatsApp Web“ со едноставно кликнување на линкот. Исто така разговорите ќе бидат заштитени со end-to-end енкрипција, така што само луѓето кои разменуваат пораки ќе можат да ја видат содржината на разговорот.

Меѓутоа, функцијата „Guest Chat“ има одредени ограничувања. Корисниците нема да можат да споделуваат фотографии, клипови и ГИф-ови, како и да разменуваат гласовни и видеопораки. Исто така, нема да има опција за воспоставување повик. Значи, функцијата овозможува само испраќање текстуални пораки помеѓу две лица, што значи дека нема да биде можен ниту групен разговор.


Со оваа функција, Вацап можеби се обидува да привлече повеќе луѓе на својата платформа, кои сè уште не ја преземале апликацијата. Таа ќе служи како лесен начин за оние кои претходно не го користеле Вацап да ја испробаат апликацијата и да го видат нејзиниот интерфејс.

Од друга страна сè уште не е познато кога ќе биде лансирана функцијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk