Млада крв, замрзнување, заштита од апокалипса – вака милијардерите пробуваат да станат бесмртни

Точка

09/05/2019

14:12

3.774

Големина на фонт

а а а

Модерната технологија денес ви овозможува да се подмладувате на разни начини, од ботокс и козметички третмани до пластични операции. Иако ваквите методи можат да ве направат да изгледате младо, ништо од тоа нема да ви го продолжи животот.

Сепак, милијардерите имаат начин како да додадат уште некоја година на својот животен век, а работите кои ги плаќаат и во кои вложуваат звучат сосема нереално. 

ABC Finance” издвои дел од најчудните и највпечатливите начини на кои светските милијардери вложуваат во бесмртноста.

Трансфузија на “млада крв”

Питер Тиел, соосновачот на “PayPal”, претходните години ги полнеше медиумите со приказните за трансфузија на крвта, користејќи “млада крв”. Како што кажува и самото име, во тој процес, млади и здрави лица им донираат крв на постарите лица.


Според американската управа за храна и лекови, ваквата постапка “нема докажана клиничка корист”, па дури и се смета за потенцијално штетна. Но, и покрај тоа, неколку клиники веќе ја нудат ваквата услуга и тоа по цена во распон од 6.000 до 215.000 фунти.

Крионика

Крионика е метода на замрзнување на телото на екстремно ниски температури, со надеж дека во иднина ќе може да се оживее. Неколку милијардери, вклучувајќи го и Питер Тиел, покажале интерес за оваа метода за обид на постигнување на бесмртност.

Со помош на криониката се замрзнува само главата или целото тело и потоа се зачувува во капсула, а како такво наводно би можело повторно да се оживее по замрзнувањето. Иако нема докази дека со криониката се запира процесот на стареење, многумина сепак се одлучуваат да ја испробаат оваа метода за која во тој случај ќе мора да издвојат и до 152 илјади фунти.

Дигитална свест

Некои милијардери, вклучувајќи го и вложувачот Сем Олтман, се надеваат дека својот мозок ќе можат да го претворат во “облак” за тие да можат да живеат вечно – барем во дигитален облик. Неколку компании веќе работат на развој на оваа технологија, како компаниите “Nectome” и “Tarasem Movement Foundation”.

Реј Курцвејл, директор на инженеринг на “Google” тврди: “Стануваме сè повеќе небиолошки, поради што би можело да дојде до точка каде доминира небиолошкиот дел, а биолошкиот дел повеќе не е важен”.

Заштита од апокалипса

Стив Хoфман, претседател на управата на “Reddit”, отворено ги открил своите планови за заштита од “апокалипса”, кои вклучуваат вооружување, храна, па дури и златници поради потенцијален штрајк во случај на катастрофа. Тој не е единствениот кој се заштитил од крајот на светот – дури 50 отсто од милијардерите во Сицилиумската долина имаат некој облик на осигурување од апокалипса.


Колонизирање на вселената

Од Џеф Безос до Илон Маск, милијардерите се натпреваруваат кој ќе биде прв кој ќе го отпочне вселенскиот туризам. Бидејќи животот на Земјата станува неодржлив, милијардерите сакаат да постават колонии надвор од нашата планета на места како Месечината и Марс.

Меѓутоа, вселенскиот туризам моментално изискува голем трошок. “SpaceX” планира да наплаќа 44 милиони фунти по лице за патување до Меѓународната вселенска станица, што упатува на тоа дека понатамошните патувања би биле уште поскапи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг