“Не ѝ купив подарок на мојата сопруга, таа веќе го има Златан”: Легендарните изјави на Швеѓанецот со сигурност ќе ве насмеат

Супермен

15/05/2019

16:19

2.391

Големина на фонт

а а а

Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, спаѓа во најдобрите играчи на светот и во последните неколку години стана сила со која никој не сака да се шегува.

Неговите вештини го одвојуваат од другите фудбалери, а на сите им е познато дека тој е многу непредвидлив играч и е во состојба да прави работи за кои многумина мислат дека се невозможни. За тоа зборуваат и бројните голови од огромна далечина како и вратоломиите кои постојано ги прави на теренот. 


Надвор од теренот, Ибрахимовиќ е харизматичен и духовит човек кој секогаш пронаоѓа начин да одговори на секое прашање. Многу новинари велат дека Швеѓанецот им е омилен спортист за интервјуирање и секој контакт со него им е ново искуство бидејќи никогаш не знаат што може да каже или како ќе реагира.

Често сака да ја истакнува својата духовитост, но и покрај хуморот, тој покажува и голема доза на мудрост.

Ние денеска одлучивме да ви ги претставиме најдобрите изјави на популарниот фудбалер кои ќе ве воодушеват и добро ќе ве насмеат:

1. “Не, наместо Порше купив авион, многу е побрз”.

2. “Не можам да престанам да се смеам бидејќи неверојатно е колку сум совршен”.

3. “Една работа е сигурна – Светското првенство без мене не е вредно за гледање”.


4. “Она што Керју знае да го направи со топка, јас знам со портокал”.

5. “Не ѝ купив подарок на мојата сопруга, таа веќе го има Златан”.

6. “Барам стан, ако не најдам нешто што ми се допаѓа, веројатно ќе купам хотел”.

7. “Ме боли уво кој ќе победи на првенството, јас одам на одмор”.


8. “Кога ме купуваш, тоа е како да купуваш Ферари”

9. “Кога Златан е повреден, тоа е сериозен проблем за секој тим”.

10. “Можам да играм на сите 11 позиции бидејќи добриот играч може да игра сè”.

11. “Да, Бог постои. Гледате во него”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk