Украл автомобил од 2 милиони евра во текот на тест возење

Супермен

16/05/2019

19:06

1.097

Големина на фонт

а а а

Германската полиција трага по класичниот модел Ferrari 288 GTO отуѓен од сопственикот од страна на човек кој се претставил како потенцијален купувач на автомобили.

Ferrari 288 GTO е украден во Дизелдорф во понеделникот, откако сопственикот се сретнал со лицето кое закажало пробно возење. Крадецот кој седел на совозачкото место, го искористил моментот кога сопственикот излегол од автомобилот и веднаш ги заменил местата. 


Тој скокнал на возачката позиција и заминал со скапоценото класично Ferrari.

Полицијата во Дизелдорф во вторникот се огласила по повод овој случај и соопштила дека не успеала да го лоцира украденото возило за кое се проценува дека вреди околу 2 милиони евра.


Ferrari во 80-тите години произвел само 272 примероци од моделот 288 GTO. Автомобилот за погон користи 2,9-литарски твин-турбо V8 кој произведува 400 коњски сили и 496 Nm.

Во последните неколку години, на овој модел значајно му скокнала цената на пазарот на класичните суперспортски автомобили, пред сè затоа што е многу редок и помалуброен од познатите Ferrari F40, F50 и Enzo кои подоцна го наследија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk