McLaren GT е автомобил со „ДНК“ од „страшниот“ Speedtail

Точка

17/05/2019

14:53

528

Големина на фонт

а а а

Отсега достапен на пазарот, McLaren GT е четвртиот модел кој е лансиран во рамките на Track25 програмата – ќе се продава по цена од 163 илјади фунти, а првите испораки се планирани за крајот на 2019-та година.

Првата работа која што британската компанија ја нагласи при претставувањето на McLaren GT е тоа дека овој автомобил има „ДНК“ на моделот Speedtail, благодарение на „прекрасната, лесна каросерија и иновативните, луксузните и висококвалитетни материјали“.

За погон се користи 4.0-литарскиот twin-turbo V8 мотор со 620 коњски сили, кој нуди обртен момент од 630 Nm, што во превод значи забрзување до 200 километри на час за само девет секунди, додека максималната брзина изнесува 326 километри на час.


Британската компанија тврди дека овој автомобил е погоден за секојдневна употреба, но истовремено се претвора во вистински ѕвер кога ќе се стапне на педалата за гас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг