Вака Помпео им се заканува на Ирачаните: Или ќе бидете со нас, или...

Точка

18/05/2019

17:56

3.609

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во екот на тензиите во односите меѓу Иран и Америка, им порачал на Ирачаните дека ако не сакаат да застанат покрај Вашингтон, да се тргнат на страна.

Пораката до која дошла агенцијата "AP" преку двајца службеници од ирачката влада, ја подвлекува деликатната положба во која се наоѓа Ирак, бидејќи, имено, е сојузник со двете страни. 

"Ако државата не може а ја стави проиранската милиција под контрола, Ирак ќе стане центар на иранско-американски судири", рекол политичкиот аналитичар од Ирак, Ватег ал Хашими.

Како што се наведува, во земјата има повеќе од 5.000 припадници на американските сили, како и припадници на силната проиранска милиција.

И покрај низата провокации од двете страни, претседателот на САД, Доналд Трамп, рекол дека не сака воен судир со Иран, и дури и додал дека е отворен за дијалог.

Американските сили се повлекле од Ирак во 2011-та година, но се вратиле во 2014-та, откако ИСИС заземал големи делови на северот и западот на земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг