Паладиумот вреди како златото!

Супермен

22/05/2019

15:52

767

Големина на фонт

а а а

Скапоцениот метал - паладиумот, од неодамна е во центарот на вниманието на инвеститорите, бидејќи податоците укажале на структурен дефицит на овој метал. предизвикан од зголемената побарувачка во автомобилската индустрија.

Овие неочекувани и ретки услови го потикнаа растот на цената на паладиумот над висината од 1.200 долари за фина унца, со што падиумот стана поскап од златото.

Fortrade, за сите оние кои се заинтересирани да научат како да тргуваат со цената на паладиумот или оние кои вложуваат во себе и едноставно сакаат да го прошират своето знаење, припремиле бесплатна е-книга "Како паметно да инвестирате".


Паладиумот во автомобилската индустрија се користи за производство на катализатори кои се користат за намалување на емисијата на штетни гасови.

Сите строги регулативи за заштита на околината потикнуваат поголема потреба за овој метал. Побарувачката за паладиумот ги достигнала своите нови максимуми - паралелно со растот на производството на катализатори за бензин после „dieselgate“ скандалот кој ја компромитираше компанијата Volkswagen, после што опадна побарувачката за дизел возилата.


Според многумина аналитичари, структуралниот дефицит на паладиумот во 2019-та година влегол во десеттата година, при што една од причините е штрајкот на работниците во јужноафричките рудници. Од друга страна и понатаму се очекува побарувачката за паладиумот во Кина да остане на високо ниво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk