Наполи работи во полна пареа: Анчелоти второто летно засилување го пронајде во Рома

Дерби

15/06/2019

17:51

1.698

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти најави дека ќе направи неколку важни промени во тимот за наредната натпреварувачка сезона, односно дека ќе го засили тимот на места кадешто воочил дека во првата сезона како тренер на Наполи не го добил она што го посакува.

Прво засилување на Наполи беше дефанзивецот на Емполи Џовани Ди Лоренцо, а како што јавуваат италијанските медиуми, Анчелоти во најбрз можен рок ќе го добие првото бомбастично засилување ова лето во името на Костас Манолас. Како што јавува „Скај Италија“, Наполи успеал да ги договори личните услови со грчкиот дефанзивец, па сега останува само на Рома да одлучи дали ќе се одлучи за полна сума од откупната клаузула, или ќе побара играч плус пари од „наполитанците“.

Наполи е решен да ја плати откупната клаузула која изнесува 36 милиони евра, но оваа сума може да биде намалена бидејќи клубот од „Сан Паоло“ е подготвен да се откажа од Диавара за да ја намали зделката која е пред сама реализација.

На овој начин, во најбрз можен рок се очекува Анчелоти да го добие второто летно засилување, а на Апенините веќе неколку дена се зборува и за таканаречениот „џек-пот“, односно желбата на Карло да го донесе Хамес Родригез во Наполи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг