Одговорот на 21 милијардер на краткото прашање открива зошто токму тие се – милијардери

Супермен

20/06/2019

10:11

3.185

Големина на фонт

а а а

Рафаел Бадзиаг, автор на книгата “The Billion Dollar Secret” поминал 5 години разговарајќи со вкупно 21 самоостварен светски милијардер и истражувајќи го нивниот начин на работење и навики.

Нивниот одговор на едно прашање му помогнал да ја сфати клучната разлика помеѓу нив и другите богаташи кои не достигнале милијарди. Тоа прашање гласело: “Во што повеќе уживате – во заработувањето на пари или нивното трошење?”. 

“Разликата помеѓу финансиски успешните луѓе (милионерите) и финансиски супер успешните луѓе (милијардери) се сведува на фактот дека втората категорија ужива да заработува пари, но не ужива да ги троши”, напишал Бадзиаг во својата книга.


Милијардерите Микал Соловов, најбогатата личност во Полска, и Лирио Парисото, најбогатата личност во Јужна Америка, откриле дека своето богатство го должат на навиките кога станува за заштедата на пари.

“Сакате да се збогатите? Постои еден начин да го направите тоа: трошете помалку отколку што заработувате. Ако трошите помалку и ги штедите парите, ќе се збогатите”, изјавил милијардерот Френк Хасенфрац во разговорот со авторот.

Богатите добро штедат

Едно истражување спроведено на повеќе од 600 милионери во Америка покажало дека добрата организација на буџетот е еден од важните фактори за збогатување. Повеќето истакнале дека секогаш внимаваат да трошат помалку од она што заработуваат, дури и кога износот се брои во стотина илјади долари.

Џон, автор на блогот “ESI Money” кој интервјуирал стотина милиониери, навел дека тие во просек трошат околу 90 илјади долари годишно, додека заработуваат 250 илјади. Она што го заштедуваат честопати го вложуваат и со тоа ја зголемуваат заработувачката. 


“Ако заработувате 250 илјади долари, а исто толку и трошите, на крајот од годината повторно немате ништо”, заклучил тој.

Истата работа ја покажало и истражувањето на финансискиот експерт Алан Ендрјус пред неколку години. Мултимилионерот Софија Аморусо тогаш му кажала дека клучот за богатството е токму паметното штедење.

“Третирајте ја својата штедна сметка како и било која друга сметка која едноставно треба да ја платите секој месец. Ако платата директно се префрла на вашата трансакциска сметка, договорете се со банката еден дел директно да се префрла на вашата штедна сметка. Еднаш кога е таму, заборавете ја, таа е тука за “црни денови” (летувањата не спаѓаат во црни денови)”, советувала таа тогаш.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk