Тие се први по богатство: Форбс ја објави годишната листа на најплатени ѕвезди

Супермен

11/07/2019

13:14

2.943

Големина на фонт

а а а

Листата на Форбс на најплатени јавни личности изненадила многумина бидејќи на самиот врв се најдоа две жени – една пејачка и една реалити ѕвезда.

Според најновата листа на 100 најплатени јавни личности од светот на музиката, спортот и забавата, “од Холивуд до Боливуд”, на првото место е пејачката Тејлор Свифт со 185 милиони долари, потоа следува реалити ѕвездата Кајли Џенер со 170 милиони, а на третото место е нејзиниот зет Канје Вест со заработени 150 милиони долари. 

Листата се објавува еднаш годишно, а на најновата, дури една третина од личностите не се од САД, пишува американскиот магазин.

Како што се наведува, Канје Вест по четири години се врати на листата најмногу поради успехот на неговата компанија за производство на патики – “Yeezy”.

Меѓу првите 10 на листата се најдоа и тројца фудбалери – Лионел Меси од Аргентина е на четвртото место со заработени 127 милиони долари, Португалецот Кристијано Роналдо е на шестото место со 109 милиони долари, а зад Роналдо е Бразилецот Нејмар со 105 милиони долари.

На топ 10 листата се најдоа и британскиот музичар Ед Ширан, групата “Eagles”, јавната личност д-р Фил и мексиканскиот спортист Канело Алварез.

На листата се наоѓаат и Роберт Дауни Џуниор, Скарлет Јохансон, Бредли Купер, Пол Рад и многу други.


Листата се прави еднаш годишно врз основа на заработката, а овогодишната е направена врз основа на приходите остварени од 1-ви јуни 2018 до 1-ви јуни 2019 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk