Мажи, чувајте го здравјето: Ова се симптомите поради кои мора веднаш да се јавите на лекар

Супермен

16/08/2019

18:40

4.334

Големина на фонт

а а а

Не занемарувајте ги проблемите – еректилната дисфункција може да биде сигнал дека нешто не е во ред со срцето, како и чудните промени на кожата и честата потреба за мокрење.

Кога имаме болка во мускулите, честопати ја занемаруваме и мислиме дека ќе пројде. Но, кога симптомите траат долго и не проаѓаат, можеби телото ви дава знак дека сепак се случува нешто посериозно.  

Еве некои симптоми поради кои треба што побрзо да посетите лекар:

Кожна промена која не проаѓа

Новонастанатата неправилност на кожата може да биде карцином на базални клетки, облик на рак на кожата кој ги погодува мажите, двојно почесто отколку жените.


Затоа редовно прегледувајте го темето на главата, очните капаци, врвовите на ушите и грбот – особено доколку голем дел од денот го поминувате надвор. Овој рак не метастазира брзо како меланомот, но што подолго го одложувате отстранувањето, проблемот станува посериозен.

Кашлица која не престанува

Константната сува кашлица која трае подолго од четири недели може да биде знак на гастроезофагеална рефлуксна болест (позната и под името GERB).


Ако во текот на годината не се провери, болеста може да предизвика рак на хранопроводот, но честата кашлица може да биде и сигнал за астма, или многу поретко, рак на белите дробови и срцеви проблеми.

Проблеми со мокрење

Забележувате дека сè почесто станувате во текот на ноќта за да мокрите или чувствувате дека ви се оди во тоалет, но млазот на урината е многу слаб или мокрењето е болно?

Причина за тоа е зголемената простата, проблем со кој се соочува дури половина од машкото население. Ваквиот проблем се решава со лекови за намалување на непријатноста, а поретко се потребни и операции за да се спречат поголеми компликации како проблеми со бубрезите. Проблемот со мокрењето може да биде сигнал и за друг здравствен проблем, како дијабетес или рак на простатата.

Проблеми во спалната соба

Немојте да мислите дека сте премлади за еректилна дисфункција: овој проблем мачи околу четвртина од мажите на возраст од 40 години, па дури и помлади. Некогаш се јавува поради стрес, анксиозност и лоши навики, како што е пушењето цигари и алкохолот, но еректилната дисфункција може да биде и ран показател за сериозни кардиоваскуларни проблеми.


Зачепените крвни садови го намалуваат дотокот на крв во срцето и пониско, а раниот преглед може да помогне во откривање на причинителот и да спречи можен срцев, па дури и мозочен удар.

Депресија

Мажите често не покажуваат јасни симптоми на депресија, а наместо повлекување и чувствување на тага, тие покажуваат лутина. Исто така, помалку е веројатно дека ќе побараат помош или да земаат антидепресиви.

Ниското ниво на витамин Б12 и витамин Д се поврзува со депресијата, а хроничната болка и болестите (дури и дијабетесот) исто така можат да бидат поврзани со психичката состојба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk