Русите ги откриваат тајните документи: Можат ли да го оправдаат пактот со Хитлер?

Точка

11/09/2019

18:31

3.775

Големина на фонт

а а а

Руското министерство за одбрана го отстрани печатот државна тајна од бројни документи во врска со Втората светска војна, за кои се надеваат дека ќе им бидат од корист на историчарите и ентузијастите кои се занимаваат со оваа тематика.

Секако, најголемо внимание привлекоа податоците поврзани со познатиот договор Молотов - Рибентроп, познат како Пакт за ненапаѓање помеѓу Германија и Советскиот Сојуз кој на 23-ти август 1939-та година го потпишаа министрите за надворешни работи на оваа земја.

Меѓу нив, посебно се истакнува службената белешка од 24-ти август 1938-ма година, една година пред потпишувањето на Пактот која началникот на Генералштабот на Црвената армија, Борис Шапошњиков му го испратил на народниот комесар на СССР за одбрана, Климент Ворошилов.

Самиот документ бил толку чувствителен, велат руски извори, така што и покрај тоа што имал висок чин, Шапошњиков извештајот не ѝ го диктирал на својата секретарка, туку лично напиша 31 страница.


Страв од коалиција на Германија и Полска?

Во извештајот бил искажано неговото стравување од можната коалиција помеѓу Германија и Полска. Шапошњиков тоа го поткрепил со податоци: Доколку Германците и Пољаците се договорат, заедно ќе имаат 160 пешадиски дивизии, над 7 илјади тенкови и 4,500 авиони, а советските сили броеле 136 дивизии и 5 илјади авиони.

Гледајќи од политичка, а не само од воена страна, коалицијата на Германија и Полска на Советите не им се чинела баш нелогична. Германија после анексијата на Австрија започнала да ја распарчува Чехословачка, а Советите истакнуваат дека ситуацијата ја искористила Полска за да ја припои Тјешинската Шлезија која дотогаш била во состав на Чехословачка.


Западот бил незаинтересиран

Освен тоа, Русите истакнуваат дека очајнички се обидувале да договорат пакт со Англија и Франција, но тие не ни помислувале за потпис на договор за колективно спротиставување на германската агресија. Поради тоа, Советите биле турнати до ѕид и единствено што можеле да направат е да потпишат Пакт за ненапаѓање со најопасните непријатели - Германците.

„Со објавувањето на тајните документи продолжува делувањето на ова министерство во правец на заштита и сочувување на историската вистина, менувањето на историјата и обидите да се преиспитаат резултатите од Втората светска војна“, истакнаа од руското министерство за одбрана после објавувањето на досега тајните документи.

    

Зошто сега?

Сепак, иако тоа е „племенит гест“, останува впечатокот дека објавените документи служат за „чистење на совеста“ за Пактот помеѓу Нацистите и Комунистите кој што е несоборлив факт.

Русите токму сега се одлучија за објавување на тајните документи, веројатно затоа што Русија, односно претседателот Владимир Путин не беше поканет на церемонијата која на почетокот на овој месец беше одржана во Полска по повод 80 години од почетокот на Втората светска војна.


Не пропуштајте: Лична навреда и шлаканица за Путин: Русите згрозени од одбележувањето на 80-години од Втората светска војна

Полските власти ја искористија приликата да нагласат дека исто како и Нацистичка Германија, така и Советскиот Сојуз бил окупатор, односно двете сили на почетокот на војната ја поделиле Полска и вршеле репресија и геноцид врз полскиот народ, за по завршувањето на Втората светска војна, СССР повторно да ја окупира Полска.

Поради ова, Русија одлучи сега да објави повеќе детали од пактот Молотов - Рибентроп за ненапаѓање кои не му наштетуваат на угледот на Советскиот Сојуз, туку служат само како критика за „колебливиот Запад“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг