Научниците тврдат дека не постои “геј“ ген - еве од што зависи сексуалната ориентација на поединци

Супермен

12/09/2019

17:15

4.093

Големина на фонт

а а а

Според најновото истражување сексуалната ориентација кај поединци не зависи од генетиката. Теоријата дека врз основа на генетскиот материјал може да се предвиди нечија сексуална ориентација штотуку била отфрлена.

Големото научно истражување на експертите за сексуалното однесување потврдило дека не постои одвоен “геј“ ген, но било заклучено дека сложената комбинација на генетиката и опкружувањето влијат на тоа дали некој ќе има сексуална склоност кон личност од истиот пол.

Резултатите на студијата во која учествувале повеќе од 470.000 луѓе објавени биле во списанието „Science“.


Во истражувањето анализирани биле податоци од ДНК и сексуално искуство од половина милион луѓе. Дошло до заклучок дека постојат илјадници генетски варијации со истополово сексуално однесување. Само пет генетски маркери “значително“ биле поврзани со хомосексуалноста, откриле научниците, но ни врз нивна основа не може да се претстави сексуалната ориентација.


„Ги скениравме човечките гени и пронајдовме пет локации кои јасно се поврзани со тоа дали личноста ќе има хомосекаулна ориентација“ - изјавил Андреа Ган, биолог од Институтот за молекуларна медицина во Финска кој бил еден од лидерите за истражувањето и додал дека тие маркери имаат “многу мало влијание“ врз одредувањето на човечката сексуалност.

Тоа значи дека други фактори, како опкружување, воспитување и самата личност се позначајни за сексуалната ориентација, истакнале истражувачите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk