Овој Хрват го дизајнирал најбрзиот електричен автомобил на светот: Што прави различно од останатите во светот?

Супермен

09/10/2019

11:40

1.535

Големина на фонт

а а а

Овој Хрват го дизајнирал набрзиот електричен хиперавтомобил кој достигнува брзина од 100 км/ч. за само 1.85 секунди. Тоа го прави побрз од конкурентниот Tesla Roudster и најбрз автомобил на светот.

Американското списание „Wall street“ пред неколку денови објавило разговор со Римaц, кој во текстот го претставуваат како “вундеркид во светот на возилата со електричен погон“ и следниот Илон Маск.

„Тој продава молња во шише“ - го започнува њујоршкото списание својот текст во кој ги набројува успесите на Римац.


Неговата технологија е вградена во автомобилите од произведувачите како што се Астон Мартин и Рено, а неговата компанија привлекла вложување и во Хјундаи и Порше.

Првиот производ на Римац, Concept One, испаднал вистински електричен ѕвер. Компанијата до денес “пораснала“ за 600 вработени, а минатата година Римац го претставил наследникот наречен C_Two. Најбрзиот автомобил на светот има 2000 коњски сили и достигнува брзина од 412 км/ч.

Минатиот месец Koenigseg Reger, суперавтомобилот кој ја покренува батеријата на Римац, го срушил еден од најекстремните рекорди во брзина кога од 0 до 400 км/ч. и назад стигнал за само 31.49 секунди.


„Што прави овој Хрват поразлично од останатите во светот?“ - се запрашал новинарот од њујоршкото списание кој разговарал со Хрватот.

„Нема “сребрен куршум“ кој ќе ги реши сите проблеми. Станува збор за многу оптимизација, пробување нови работи, експериментирање. Важно е да се биде брз, одново и одново тестирање на идеи, концепти, симулации и детални прототипи“ - одговорил Хрватот.

На прашањето како се согласува со Илон Маск, тој одговорил дека со него никогаш не разговарал, но дека би сакал да “поразговараат за некои работи“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk