Богатството го потрошил на стриптизерки, бил исфрлен од трговски центар додека просел: Потезите на Ајверсон на теренот беа убиствени, но тој повеќе го сакал животот надвор од него

Супермен

17/10/2019

13:10

2.453

Големина на фонт

а а а

Ален Ајверсон, поранешната ѕвезда на НБА, правеше проблеми и на теренот и во приватниот живот. Поранешниот ас потполно банкротирал по распуштениот начин на живот, а во текот на НБА кариерата, само од договори, популарниот “Одговор” инкасирал над 155 милиони долари.

Ајверсон ги пречекорил сите лимити за да може да ги чести девојките со луксузни работи како накит, а често знаел да купува и луксузни автомобили. Во текот на разводот од некогашната сопруга, Ајверсон му кажал на судијата дека нема пари ниту за чизбургер. 

На теренот бил способен за речиси сè – бил вистински виртуоз со топката и никој не можел да го запре. Ален е човек за чиј талент и денес се зборува.

Да имал малку “помирна глава”, би станал еден од најголемите во историјата. Неговиот кросовер дриблинг бил убиствен, а ривалите ги фрлал на паркетот кога и да посакал...

“Тренинг? Кому му треба тренинг?”, изјавил легендарниот кошаркар по еден натпревар на Сиксерс кој потполно ја опишува кариерата на големата ѕвезда. Имал одговор на сè, па од новинарите го добил прекарот “The Answer” (Одговорот).

Распуштениот живот го довел до работ на банкрот, а како некогаш живеел, најдобро говори приказната на неговиот поранешен соиграч Мет Барнс.

“Ајверсон за една вечер трошеше и по 30.000 долари во стриптиз клубови. Јас стоев покрај него и ги собирав парите кои му испаѓаа. Некогаш со тие пари ги плаќав танчерките, а имаше и вечери кога си заминував дома со голема сума на пари. Бев дебитант и му се воодушевував”.

Неговата мајка го родила на 15 години

Ајверсон пораснал во Вирџинија, а неговата мајка имала само 15 години кога го донела на свет. Како што истакнала и самата, штом го здогледала своето дете, знаела дека ќе биде кошаркар.


“Имаше исклучително долги раце. Верувале или не, рацете му беа долги до колената. Се сеќавам дека тогаш реков дека мојот син сигурно ќе игра кошарка”, се присетила Ен Ајверсон.

Просел за да има за леб

Еден од вработените во трговскиот центар “Ленокс Мол” раскажал за американските медиуми што видел.

“Замолив еден просјак да си замине, а не можете ни да замислите колку бев потресен кога му пријдов поблиску и сфатив дека е Ајверсон. Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот. Мојот херој од детството мораше да го напушти трговскиот центар поради просење”, раскажал тој.


За ривалството со Мајкл Џордан

Ален Ајверсон никогаш не бил земен предвид кога станува збор за најдобрите кошаркари, но неговите мајстории и атрактивни потези вечно ќе се паметат. Секогаш ќе се зборува за “неговото летечко височество”, Мајкл Џордан и навистина нереалниот Леброн Џејмс. Решил и Ајверсон да каже нешто околу тоа.

“Ние тука зборуваме за МАЈК. За Мајкл Џордан, ок? Зборуваме за Црниот Исус. И тоа е сè што можам да ви кажам на таа тема. Мајкл е најдобар на сите времиња. Секогаш ќе биде најголем на сите времиња. И ве молам, немојте да ме навредувате со некави статистики бидејќи нема да го промените моето мислење”, напишал Ален во текст за еден американски сајт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk