Полицијата го пронајде Давид

Макфакс

22/10/2019

17:54

7.630

Големина на фонт

а а а

Скопјанецот Зоран Илиев, познат во јавноста како Зоран Роџер бара помош за да го пронајде неговиот син Давид, за кого вели дека исчезнал изутринава.

Полицијата попладнево го пронајде 28-годишниот Давид, за кој татко му Зоран Илиев, познат како Зоран Роџер тврдеше дека е исчезнат од изутринава. Како што дознаваме, тој бил пронајден во скопско Катланово, каде бил со пријател.

На социјалната мрежа Фејсбук попладнево се ширеше апел во кој се бараше помош од скопјани за да го пронајдат Давид. 

Од полицијата велат дека и претходно имало пријави дека момчето го напуштило домот и заминало во непознат правец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг