Тие се милијардери од сенка: Заработуваат огромно богатство, а никој не знае кои се - јавноста ги знае само нивните иницијали

Супермен

04/11/2019

20:56

8.366

Големина на фонт

а а а

Семејството Ван дер Ворм се ретки милијардери кои го држат својот приватен живот далеку од очите на јавноста.

Данското семејство го изградило своето царство преку “Holland America Line”, компанија за крстарења која ја продале на фирмата “Carnival” во 1988 година за тогаш неверојатни 625 милиони долари. 

Оваа 2019 година, семејството е во плус од речиси 4 милијарди долари, но нејасно е каде ќе завршат тие пари.

“Семејството би можело да ги искористи парите за исплата на дивиденди за акционерите, повторно вложување во нешто друго, пензија или дури филантропија”, изјавил аналитичарот Тијс Беркелдер за “Bloomberg”.

Иако “Business Insider” испратил писмо до семејното трговско друштво “HAL” со прашања за делувањето и одредиштето на парите, неговите претставници одбиле да коментираат. Аналитичарите откриваат дека “HAL” и семејството се необично таинствени околу своето делување, но и општо околу своето богатство и имот и никогаш не ги изнесуваат таквите информации во јавноста.

Она што е интересно е дека ниту еден јавен документ не ги открива имињата на членовите – туку исклучиво само нивните иницијали. Единствената работа која јавноста успеала да ја дознае за нивните финансии доаѓа преку “Панамските документи” по “протекувањето” на информации од адвокатската фирма во 2016 година.


 “Панамските документи” ги откриле личните финансиски делувања на 12 лидери на земји, 128 јавни службеници и 29 милијардери од листата на “Forbes”, објави “Bloomberg”.

Од тие информации се дознава дека “HAL” има свое седиште во Карасау, холандски карипски остров познат по ниските каматни стапки, поради што е популарен за богатите странци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk