И “Microsoft“ ја тестирал четиридневната работна недела - резултатите се одлични: Продуктивноста пораснала за 40 отсто

Супермен

05/11/2019

10:22

2.978

Големина на фонт

а а а

Во јапонскиот експеримент луѓето постигнале подобри резултати, а уредите трошеле помалку електрична енергија и хартија. Од “Microsoft“ објавиле дека завршиле со својот експеримент на четиридневна работна недела во Јапонија и заклучокот не би требало да ве изненади.

Тие утврдиле дека вработените биле воодушевени од таквиот распоред и дека продуктивноста со скратена работна недела пораснала за 40 отсто. Еден од клучните делови на успехот се и пократките состаноци кои на крајот испаднле ефикасни.

Овој проект во Јапонија, спроведен од “Microsoft“ се нарекувал “Work-Life Choice Challenge Summer 2019“.

Во него биле вклучени повеќе од 2.300 вработени кои секој петок во текот на пет недели биле слободни, без намалување на платата или пак намалување на бројот на денови од годишниот одмор.


„Работете пократко време, убаво одморете се и многу учете. Важно е да се наоѓате во околина во која чувствувате смисла за живот па така ќе бидете подобри на своето работно место. Сакам моите вработени да размислат и да пронајдат начин како да направат еднакви резултати, но со 20 отсто помалку време“ - изјавил на почетокот на експериментот Такуја Хирано.

Не сме сигурни дека очекувал толку многу добри резултати, односно вработените да бидат за 40 отсто попродуктивни од претходно.

Како што знаете петдневната работна недела прилично е омразена помеѓу луѓето ширум светот, особено доколку неделата почне со врнежлив понеделник.

Компаниите ширум светот веќе подолг период го разгледуваат овој модел на работа.


Експериментот засега е завршен

Според резултатите на “Microsoft“, луѓето земале за 25.4 отсто помалку слободни денови бидејќи еден ден повеќе биле слободни во текот на секоја недела. Дополнителна предност било тоа што компанијата трошела помалку електрична енергија. Таа заштедила 23.1 отсто, а исто така заштедиле и на хартија за 58.7 отсто.

Значи пократката работна недела не е добра само за вработените туку и за екологијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk