Љубовните парови кои ги обожувавме во 90-те: Нивното раскинување ги шокирало сите во светот

Супермен

20/11/2019

18:21

4.557

Големина на фонт

а а а

Остварување на љубовниот сон во тоа време на секоја млада девојка била врска како таа на Камерон Дијаз и Мет Дилон, но и љубовта на Синди Крафорд и Ричард Гир.

Сите ние имаме тенденции да го бираме љубовниот статус од луѓето за кои веруваме дека се од “повисок ранг“ во однос од нас. Тоа вообичаено се познатите личности од Холивуд.

Уште од 90-те години пошироката јавност добила увид во интимните детали од животот на ѕвездите по пат на телевизија, списанија и фотографии, а набрзо ги издвоиле и омилените парови.

Се присетуваме на оние кои најмногу сте ги сакале во 90-те години.

Кејт Мос и Џони Деп

Биле заедно 4 години, а љубовта “пукнала“ поради променливото расположение на Деп од кое на манекенката ѝ дошло преку глава.


Бред Пит и Гвинет Палтроу

По две години љубов, Бред ја запросил Гвинет, но раскинале 6 месеци подоцна. Сепак, додека биле заедно сите се сеќаваме колку тие двајца изгледале дека се еден за друг. Толку многу што дури имале и исти фризури.


Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс

Љубовта помеѓу нив двајца се родила во 1998-та година кога заедно заминале на турнеја. Раскинале во 2002-та година.


Памела Андерсон и Томи Ли

Во брак биле три години и за тоа време го добиле нивниот син. Биле еден од најпопуларните парови, љубовта на крајот “пукнала“ поради честите скандали и раскинувања.


Витни Хјустон и Боби Браун

Првото запросување на Браун, Витни го одбила поради својата кариера. Сепак се венчале во 1992-та година и биле во брак 14 години.


Брус Вилис и Деми Мур

Биле заедно една деценија , добиле три деца, а потоа се развеле во 2000-та година. До денес тие се пријатели и многу блиски.


Никол Кидман и Том Круз

Актерката многупати истакнала дека бракот со Том ја заштитил од еден од најголемите скандали во Холивуд како и од сексуално насилство.


Курт Кобејн и Кортни Лав

Нивната врска била полна со контроверзии и постојано се пишувало за нивната склоност кон забранети супстанции дури и додека Кортни била бремена. Љубовта ја прекинала одлуката на Курт да си го одземе животот во 1994-та година.


Камерон Дијаз и Мет Дилон

Оваа љубов имала влијание на целиот живот на Мет. „Многу е моќно кога поради некој се чувствуваш така. Камерон беше мојата муза“ - признал тој јавно.


Синди Крафорд и Ричард Гир

Старосната разлика од полни 17 години направила еден од омилените парови да се разведе во 1995-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk