Мекгрегор се “капе“ во пари и виски - еве колку милиони заработи за секоја секунда од натпреварот со Каубојот

Точка

19/01/2020

12:47

8.708

Големина на фонт

а а а

Поразот од Хабиба му помогнал на Мекгрегор да заработи повеќе пари од кога и да е и да влезе во историјата како најплатен спортист.

Ирскиот ММА борач Конор Мекгрегор, главниот натпревар на турнирот УФЦ 246 во Лас Вегас успеал да го добие за 40 секунди со победа над Американецот Доналд Сероне и со тоа на триумфален начин се врати по поразите кои ги претрпе од Русинот Хабиба во октомври 2018-та година.

Сепак, тоа што е поважно за овој Ирец се парите кои ги заработил, а бројката е астрономска.

Само од победата во овој дуел кој траел помалку од една рунда и во кој својот ривал го удри со рамо, нога, му го скрши носот, а потоа го испрати во болница, Мекгрегор заработил околу 4.5 милиони евра, а во таа бројка не се пресметани парите од ТВ правата.

Британските медиуми пренесуваат дека Ирецот има право и на голем процент од парите кои ги платиле навивачите за гледање на натпреварот.

„Тоа ќе биде голем чек кој ќе го добијам“ - изјавил Мекрегор мистериозно на прашањето за заработката.

Според достапните податоци, тој ќе добие околу 90 отсто од парите од ТВ права на натпреварот, а бројката која се спомнува изнесува околу 70 милиони евра.

##https://twitter.com/Harray97/status/1218769234710401024##

Кога сето тоа ќе се пресмета, доаѓаме до податок дека секоја секунда од вкупно 40 во натпреварот на Мекгрегор, нему му донесе по 1 милион и 750 илјади евра така што премијата од околу 4.5 милиони евра може да ја смета како “бакшиш“.


Интересно е тоа што по поразот од Хабиба, Мекгрегор направи уште еден одличен маркетиншки трик затоа што најави заминување од УФЦ.

Тоа челниците на организацијата не сакале да го дозволат па затоа тој потпишал договор со „Рибок“ вреден околу 4.5 милиони евра. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг