Гвардиола за повредите на Кејн и Рашфорд: Тоа е нормална работа...

Точка

21/01/2020

16:10

1.350

Големина на фонт

а а а

За Пеп Гвардиола повредите на Хари Кејн и Маркус Рашфорд не се никакво изненадување, исто како и повредите на другите фудбалери кои мачат бројни клубови и репрезентации.

„За репрезентацијата на Англија, повредите на Кејн и Рашфорд се голем проблем. Тие се многу важни играчи за државниот тим. Да се надеваме дека ќе се опорават“, изјави Гвардиола кој упати критики за распоредот и бројот на натпревари кои се играат.

„Неверојатна е бројката на натпревари. Сега зборуваме на оваа тема затоа што се повредени играчите на два поголеми клубови. Но, погледнете како е во Њукасл, погледнете ги сите тимови, тоа е нормално. Со ваков број на натпревари, играчите пукаат. И не сум изненаден. Многу ми е жал за играчите“, изјави Гвардиола.

Исто така во врска со овој проблем во последно време е гласен и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, меѓутоа, како што вели Гвардиола, сите тренери се согласуваат дека интерес за решавање на реалните проблеми не постои кај луѓето кои го водат фудбалот.