Лимузината на најголемиот мафијаш во историјата, Ал Капоне “бара“ нов сопственик - вака е опремен неговиот автомобил

Супермен

23/01/2020

14:23

3.352

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на класичните гангстерски приказни од времето на прохибивијата како и на автмобили од тој период, а притоа имате и повеќе пари за трошење тогаш пред вас се наоѓа светиот грал на автомобилскиот свет.

Една од класичните лимузини од гаражата на озлогласениот Ал Капоне штотуку почна да го бара својот нов сопственик.

Станува збор за Cadillac Town Sedan од 1928-та година чии инструменти и по 92 години покажуваат само 1.111 милји, односно 1.788 поминати километри.


Автомобилот е блиндиран. Сите стакла на него се добиени од 2.54 центиметри додека пак вратите на автомобилот се обложени со челични плочки.

Невообичаените детали, кои целосно сигуно се дел од стандардната опрема на 20-те години на минатиот век е задното стакло кое се отвора. Нема сомнеж дека неговата намена и тоа како имала врска со пукање низ него.


Ал Капоне нарачал автмобило да биде офарбан во боја која тогаш ја користела полицијата што некогаш убедливо ја отежнувало работата да се воочи дали во него има гангстер или пак некој полициски агент.


Автомобилот “кеди“ на Капоне е модифициран со V8 мотор кој 3.5 тони тешката лимузина може да ја покрене до максимална брзина од 177 км/ч., а тоа за 1928-та година бил импресивен резултат.


Овој Cadillac Town Sedan е еден од првите блиндирани автомобили кој некогаш бил направен. На својата долговечност и одлична состојба во 93 години “живот“ може да се заблагодари и на фактот дека по некое чудо останал незабележан од страна на ФБИ кој со години детално ја следеле продажбата на подвижните и неподвижните автомобили на најозлогласените гангстери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk