Сите мажи сакаат да ѝ бидат соседи: Сексапилната руска пливачка вежбала во танга на својата тераса

Супермен

25/03/2020

10:26

3.703

Големина на фонт

а а а

Русинката Јулија Ефимова, шесткратна светска шампионка во пливање, неодамна објавила секси видео на Инстаграм на кое се гледа како вежба на својата тераса облечена во бикини.

Ефимова ѝ се приклучила на акцијата луѓето да останат во своите домови поради пандемијата на коронавирусот, а истовремено покажала и како можат да го користат своето слободно време. 


На Ефимова се сеќаваме и од Олимписките игри во Рио каде освои медал, но доживеа и психичка тортура од страна на Американката Лили Кинг која ја нарече измамничка и не сакаше да се ракува со неа.

За потсетување, Јулија беше една од спортистите на кои Судот за спортска арбитража им дозволи настап на Игрите, иако беше на листата на оние на кои им следува суспензија поради наводниот системски допинг во Русија.

Ефимова два пати во кариерата била позитивна на допинг тест. Првата суспензија од 16 месеци ја отслужи од 2013 година до февруари 2015 година, а исто така беше во групата на оние спортисти кои се утврди дека се позитивни на супстанцата мелдониум, истата онаа која ја чинеше и руската тенисерка Марија Шарапова.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите на една од најсексапилните руски спортистки која на своето конто има 17 медали од големи натпревари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk